Едно лице од Косово лишено од слобода, а две приведени во Охрид и на ГП Меџитлија

Од:

Едно лице од Косово, барано со потерница од Интерпол, вчера е лишено од слобода на граничнот премин Долни Блаце, а две лица од Албанија се приведени во Охрид и во Полициската станица за граничен премин Меџитлија поради немање документи и непријавување престој во Република Македонија, информира МВР.

Косовецот Г.И. (29) бил предаден на полицијата во Чаир за натамошна постапка.

Личните податоци на приведениот Ј.Б. (55) од Поградец, Република Албанија на меѓуградската автобуска станица во Охрид поради сомнение дека нелегално престојува во Република Македонија и поради немање на документи, биле добиени по негов исказ.

Приведениот Е.Т. (44) од Република Албанија бил легитимиран во с.Маково, општина Новаци, поради непријавен престој во Република Македонија, односно поради сторен прекршок според член 139 став 3 од Законот за странци, по што бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби