Едни протестираа, а со други родители од училиштето во Чашка министерот Шаќири имаше средба

Од:

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири попладнево се сретна со Советот на родители на ООУ „Тодор Јанев“, жителите на Чашка и градоначалникот Горан Стојановски со кои разговараше за изнаоѓање на решение за новоформираната паралелка на албански јазик.

Жителите на Чашка втора недела протестираат барајќи овие ученици да се вратат во паралелката со македонски јазик. Паралелката со шест првачиња на албански наставен јазик профункционира од минатиот четврток. Останатите 59 ученици од второ до деветто одделение од албанска националност понатаму учат во одделенијата заедно со своите другари Македонци.

По средбата, министерот Шаќири не даде изјава, но од Советот на родителите изјавија дека добиле ветување дека Министерството за образование и наука ќе и ги врати ингеренциите на општината, одземени пред неколку месеци.

Додека траеше средбата, пред општинската зграда протестираа родители и жители на Чашка.

– Добивме ветување од министерот дека тоа ќе биде правно разгледано и во најбрз можен рок ингеренциите ќе му бидат вратени на градоначалникот. Временски не знаеме кога тоа ќе се случи. Понеделник ќе имаат состанок по тоа прашање. Бојкотот на наставата продолжува и понатаму со тоа што родителите секое утро ќе протестираат пред училиштето, а децата ќе бидат дома, изјави Цвета Пешовска од Одборот на родители.

Во врска со, како што велат, незаконското работење на в.д директорката на училиштето Елена Николова, од министерот Шаќири добиле ветување дека и тоа прашање ќе биде разгледано.

Од петокот кон протестот се приклучија и наставниците.

Во ООУ „Тодор Јанев“ во учебната 2023/24 година учат 210 ученици, а со 104-те ученици од подрачното училиште во село Мелница, вкупниот број на ученици изнесува 314. Во населба Чашка настава следат 65 ученици од албанската етничка заедница. Тие со организиран превоз доаѓаат од населени места Бањица, Отиштино, Горна Чашка, Еловец, Голозинци, Бусилци, Крива Круша и Ново Село.

Би можело да ве интересира

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, од утре се враќаат на настава

Во Чашка трет ден блокади поради отворање на паралелка на албански јазик

Горан Наумовски

Во Чашка зголемени тензиите меѓу полицијата и населението

Горан Наумовски

Родителите од Чашка подготвени да одат до крај: „Ќе платиме и казна ако Шаќири инсистира на албанска паралелка“

Орце Костов

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

Родителите на учениците од ООУ „Тодор Јанев“ подржани од наставниците и жители на Чашка и денеска ја бојкотираа наставата