Една жена го прекршила полицискиот час во Тетово

Од:

Тетовската полиција во периодот во измитатите 24 часа открило уште едно лице кое не ја почитувала владината одлука за ограничено движење. Станува збор за женско лице на возраст од 35 години, а била лишена од слобода во 22 часот на улица „Вонвардарска“ во Тетово. Вкупно досега 31 лице го прекршиле полицискиот час.

Секторот за внатрешни работи – Тетово воедно апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината одлука за ограничено движење и сите мерки и препораки за справување со коронавирусот.

– СВР Тетово уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување од нивните домови, затоа што можат да ги доведат во прашање сопствениот и животот на своите најблиски во семејството, роднини, пријатели и соседи, на своите сограѓани. СВР Тетово и со конкретен совет до сите на подрачјето: Останете дома и најдете нешто што ќе ве направи спокојни и во овие навистина сериозни мигови, кога животите се во прашање, а секој човечки живот нема цена и со ништо друго не може да се надомести. Оние на кои им е потребна било каква помош од делокругот на професионалните обврски на СВР Тетово, како и досега, можат да се јават на телефонскиот број 192, се истакнува во соопштението на тетовската полиција.

Во текот на вчерашниот ден, тетовската полиција во содејство со Државниот пазарен инспекторат, во Тетово и тетовска Голема Речица има откриено три угостителски објекти, кои биле отворени и работеле. Објектите се затворени, а против нивните сопственици ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Мајка и син од Тетово се најновите жртви на семејно насилство

Горан Наумовски

Обвинителство: Се скарал со синот и со еден истрел во градите го ликвидирал

Истрагата откри: Тетовчанец пред два дена со ловечка пушка си го убил синот

Горан Наумовски

39-годишен маж од Тетово е пронајден мртов со прострелна рана во главата