Една од најлошите економски одлуки на Бакрачески и советничкото мнозинство во Охрид

Од:

Општина Охрид изгласа изградба на затворен пазар и даде согласност за започнување на постапка за јавно – приватно партнерство, но според новата Физибилити студија, во изградбата на затворениот пазар Општината ќе учествува со 45%, а пак во поделбата на имотот Општина Охрид ќе задржи само 15% од имотот, додека приватниот партнер ќе поседува 85% сопственост од тој имот.

На овие одлуки бурно реагираше опозицијата која материјалите за овие точки кои ги добила непосредно пред седницата. Советниците од опозицијата сметаа дека не можат да дебатираат на седницата за вакви витални точки, без претходно да бидат подготвени. Координаторот на советничката група на СДСМ рече дека тие како советници се задолжени да го штитат интересот и имотот на општината.

Ние сме советници на општина Охрид и сме задолжени да го штитиме интересот и имотот на општина Охрид. Во овој случај ние учествуваме со околу 45 % проценти од средствата предвидени во инвестицијата, а според предвидената поделба на имотот, општина Охрид добива околу 15% од имотот, а приватниот партнер добива 85% од приватниот имот. Не можеме да се сложиме дека ова е направено во интерес на општината и граѓаните – рече Стојаноски.

Jovan Stojanoski

Советникот на ВМРО – Народна партија, Јоне Станковски пак тврди дека ова е најлошиот економски потег со кој се распродава имотот на Општина Охрид.

Со Физибилити студијата и со одлуката за јавно – приватно партнерство за затворен пазар фактички се раскршува имотот на Општина Охрид, 85% оди кај приватниот партнер, а 15% кај општината. Ова е најлошиот економски потег со кој се распродаде имотот на Општина Охрид. Најатрактивното земјиште кое го имаше Општина Охрид ќе го даде за ништо – вели Јоне Станковски, советник на ВМРО – Народна партија.

Jone Stankoski

Со новото јавно – приватно партнерство општината ќе добие 200 метри квадратни деловен простор, 10 паркинг места како и тезгите во пазарот. Најатрактивниот имот ќе го земе приватниот партнер.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум