Една група мигранти нападната од друга во близина на Куманово

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во СВР Куманово, од Полициската станица Драчево било пријавено дека биле пронајдени шест мигранти кои претходно биле нападнати од други мигранти во во близина на Куманово.

„По извршениот разговор со нив било констатирано дека во близина на Железничката станица во Куманово биле физички нападнати од три лица, исто така, мигранти, при што на едно од лицата му нанеле убодна рана од остар предмет и му одзеле пари“, информираат од МВР.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски