Една година условен затвор за пензионираниот врховен судија Бошњаковски и неговото семејство

Од:

Врховниот судија Александар Бошњаковски, неговата сопруга и синот Стефан добија една година условен затвор доколку во наредните четири го повторат делото. Случајот кој ја вознемири македонската јавност кога осумгодишната Александра беше одземена од нејзината мајка цели две години од дедото Александар, врховен судија во пензија доби разрешница.

Мајката на малолетничката две години не ја имаше видено својата ќерка, а полицијата ја најде на пат за Мавровјанови пред две недели заедно со нејзината баба, во лоша здравствена состојба. Полицијата го уапси дедото, бабата и таткото Стефан.

al-bosnjakovska

Мајката на Александра, Татјана уште на претходното рочиште побара од судот да се укине мерката притвор за семејството Бошњаковски, оти девојчето требало да има татко, но и баба и дедо.

Александар Бошњаковски и неговата сопруга постапката на двегодишното криење на малата Александара од нејзината мајка ја правдаа поради неизмерна љубов кон нивната внука.

Родителите на Александара се разведени а судот уште при разделбата досудил дека детето треба да го добие мајката, но цели две години успешно ја криеле дедото и бабата. Поради тоа детето го прескокнало првото одделение, Мајката најави дека ќе биде потребен дополнителен труд и грижа за малата Александара да се врати во нормала и да се социјализира.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа