Едмонд Адеми: Да сум Европска комисија, би го одзел и кандидатскиот статус на Македонија

Од:

Да сум Европска комисија, не само што ќе нема датум за почеток на преговори, туку би го одзел и кандидатскиот статус, коментира на својот Фејсбук Едмонд Адеми, претседател на институто Либерта!

Ама не, додава, тоа нема да го направат, бидејќи толку време ја фалеа владава дека прави прогрес во реформи, не политички, не економски, не ова, не она, а уставри знаеја дека работава е отидена јабана, и еден ваков потег-одземање статус на кандидат ќе значи и дебакл на политиката на проширување! Ама од друга страна на нас граѓаните ќе ни направат огромна услуга!

Барем нема да бидеме ко кучиња држени на ланец заради некоја „висока цел“! Македонија не заслужува кандидатски статус, а уште помалку почеток на преговори. И не е заради името и блокадата од Грција! Тоа веќе станува како една расипана грамофонска плоча која го повторува цело време едниот те ист рефрен! Македонија не заслужува бидејќи е држава без демократски капцитет, држава каде полицијата тепа пратеници, држава каде слободата е само филозофски поим, каде критично мислење се смета за анти-државен елемент… каде Рамковниот договор е пемпеле за партиски вработувања, држава која е во долгови до гуша, држава без вистинска политичка опозиција! Ах, можете и визната либерализација да ја укинете! Сума сумарум — „Macedonia useless!

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија

А1он

Дмитриев: Европските компании сакаат да се вратат на рускиот пазар

ЕУ: Прво прекин на огнот, потоа преговори меѓу Русија и Украина

Велика Британија, Германија и Франција поддржуваат директни разговори меѓу Путин и Зеленски

ЕУ: Нема недостиг на гориво за авионите, но поради високите цени се откажуваат некои рути

Џефри Сакс: Завршена е доминацијата на САД и Европа – тие сè уште не се свесни за тоа