Единството да продолжи во секое време: Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја одбележува 50 годишнината од земјотресот во Скопје

Од:

Само дваесет секунди беа потребни за да се промени иднината на градот: на овој ден во 1963 година, Скопје беше погоден од голем земјотрес, во кој загинаа повеќе од илјада луѓе и кој уништи и оштети осумдесет проценти од зградите.

Денеска, кога Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја одбележува 50 годишнината од катастрофата, Вршителот на должност Шеф на Мисијата, Амбасадорката Маријан Берец вели дека солидарноста која беше демонстрирана во тие тешки времиња треба да послужи како инспирација за иднината.

„Денеска е тешко да се замисли како Скопје изгледало по разурнувањето. Сепак, покрај трагичните загуби со кои се соочија многу семејства и тешките услови во кои се наоѓаа, граѓаните брзо почнаа да ги средуваат своите животи,“ рече Амбасадорката Берец.

„Скопје се врати неверојатно брзо, претворајќи се во жив и динамичен главен град.“

Брзата меѓународна хуманитарна помош која ја понудија 87 земји во форма на финансиски средства, намирници и човечки ресурси помогнаа Скопје да се издигне од урнатините. Градот стана познат како „Град на меѓународната солидарност“.

„Ова е потсетување како човечката добрина и заедничките напори може да направат голема разлика,“ подвлече Амбасадорката Берец.

„Денес, исто така ја одбележуваме и годишнината од исклучителното единство кое го демонстрираа сите граѓани тој судбоносен ден. Преживеаните сè уште се сеќаваат дека по кратката почетна паника секој без двоумење почна да им помага на пријателите, соседите и непознатите кои имаа потреба. Ова единство, ова чувство за заедничка цел која ги обедини луѓето, мора да биде со нас во секое време.“

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он