Единствена Македонија: Не излегувајте на избори во недела, нема македонски кандидати

Од:

„Единствена Македонија го повикува македонскиот народ и сите лојални граѓани на државата да не излегуваат на изборите во недела оти нема македонски кандидати.

Во изборната кампања видовме дека претседателските кандидати немаат намера да го поништат антимакедонскиот договор со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Со неизлегување на изборите и немањето на цензус, изборите ќе бидат неуспешни со што се отвора патот за распишување парламентарни избори на кои може да го осигураме стратешкиот интерес на Татковината. Единствената надеж за Македонија е доколку по следните парламентарни избори дојде народна власт, прво, со определба да го поништи Договорт за промена на името, и второ, да дојде народна власт за која светот е поширок и не завршува во Брисел.

Затоа, на следните парламентарни избори, македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија немаат повеќе право на грешка.

Ние во Единствена Македонија сме целосно спремни да бидеме предводници на процесот за враќање на Македонија на изворните принципи на Илинден и АСНОМ!“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември