Единствена Македонија: Марионетската власт во Скопје лаже дека добива покана за членство во НАТО

Од:

Партијата Единствена Македонија преку соопштение ја осуди, како што велат „бесрамната пропаганда и новинарскиот терор врз нацијата од марионетската власт во Скопје во обидот да прикаже дека Републка Македонија на Самитот на НАТО во Брисел добива покана за членство во НАТО“.

„Ова е една голема лага, бидејќи, Република Македонија во Брисел добива само обично ветување дека во некоја иднина ќе добие покана за членство во НАТО, иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка, за која уште сега може да потврдиме дека во иднина и навистина нема да се оствари“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија додаваат дека лагата е уште поголема ако се знае дека природата на поканата за пристапување во НАТО е јасно пропишана во членот 10 од Северно атлантскиот договор од 4 април 1949 година.

„Го повторуваме на повеќе пати кажаното во јавноста дека Република Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името. Единствено ќе остане срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје во очајничкиот обид да избрише се што е македонско, кои требало да размислуваат не само за моментот оти се доведоа во ситуација да се срамат од нив и нивните поколенија“, велат од партијата на Јанко Бачев.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина