Единствен спас за Скопје е Арсовска да си поднесе оставка вели претседателот на ЗЕЛС

Од:

Единствениот спас за Скопје во моментов за Скопје е градоначалничката Данела Арсовска да си поднесе оставка вели претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

„За жал, скопјани се заложници на еден човек кој има проблем со себе, тоа мора да го признаеме, на кој секој му е крив, освен прстот да го впери во себе и да го најде проблемот во себе. Знаеме дека станува збор за личност која е конфликтоман по природа и не сака да придонесе за развојот на градот. Проблемите не се само за јавниот транспорт, проблеми имаме и во ‘Водовод’, проблеми имаме и во ‘Комунална хигиена’, во ‘Паркови и зеленило’, практично проблеми имаме во секое јавно претпријатие. Ние можеме до недоглед да бараме вина во кого било, но вината на крајот од денот е во менаџерот, во тој што добил историска шанса од граѓаните да направи нешто за својот град и за граѓаните“, смета градноачалникот на Кисела Вода.

Тој вели дека скопските градоначаници не отстапуваат од идејата за одземање на ингеренциите.

– Не отстапуваме од идејата, доколку треба законски да се имплементира, ние како скопски градоначалници да бидеме иницијатори тоа да се спроведе и во пракса, изјави денеска претседателот на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски, прашан за евентуални законски измени за одземање на ингеренциите на градоначалникот на Град Скопје со цел решавање на состојбата во главниот град, вели Ѓорѓиевски.

Додава дека како група ќе ги иницираат ваквите законски измени.

„Министерот (за локална самоуправа н.з.) можеби даде тврдење дека законски е неприменливо да се премине директно кон одземање на ингеренциите, но секако не отстапуваме од идејата и доколку треба законски да се интервенира. Ние како скопски градоначалници ќе бидеме иницијатори тоа да се спроведе во пракса. Ова е недопустливо да се дозволи и понатаму да се случува. Ние сме подготвени како група да иницираме и измени во законот доколку е потребно за да се овозможат подобри услови за функционирање на сите скопјани“, изјави Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката Градина во Скопје се претвори во хорор приказна

Арсовска е промашена инвестиција, но мандатот на градоначалниците не треба да го одземаат политичари смета Таравари

Катерина Ѓуровски

Влада: Арсовска прво нека си ги плаќа ратите за автобусите кои ги набави Шилегов

Ќе сториме се за да го заштитиме интересот на скопјани, вели Мицкоски

Стојановски: Арсовска не може да ја сработи работата и која е нејзина надлежност

Арсовска: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно ги блокираат сите програми, Владата да плати осум милиони евра долг кон ЈСП

Катерина Ѓуровски