Единаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

Од:

Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ денеска и утре во Европскиот парламент во Стразбур го одржува единаесеттиот состанок.

На состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европската унија, актуелната политичка ситуација во државата во контекст на отпочнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво – за меѓуетничкиот дијалог, реформите во правосудството, јавната администрација, борбата против корупцијата, за слободата на изразување и медиумите, за изборната реформа со осврт на неодамна одржаните локални избори, за зајакнувањето на пазарната економија со зголемување на социјалната кохезија, за добрососедските односи, како и за алтернативните начини за користење на обновливите извори на енергија.

Копретседавач на Комитетот од македонска страна и претседател на делегацијата на Собранието на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација е пратеникот Кенан Хасипи, а во состав на делегацијата се и пратениците Ермира Мехмети-Деваја, Андреј Петров, Силвана Бонева и Антонио Милошоски и Беким Фазлиу.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он