Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Скопје се регистрирани 279 нови случаи на Ковид-19. Во изминатото деноноќие починале 11 жители на главниот град, а како оздравени се забележани 496 лица.
Бројот на активни случаи во Скопје изнесува 10150.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 634
• Гази Баба – 1520
• Аеродром -1461
• Карпош – 1191
• Центар – 1103
• Кисела Вода – 1250
• Ѓорче Петров – 878
• Бутел – 603
• Шуто Оризари – 200
• Студеничани – 54
• Сарај – 171
• Арачиново -33
• Илинден – 270
• Сопиште – 59
• Чучер Сандево – 104
• Петровец –140
• Зелениково -83
• Странец – 214
• Нераспределен- 182
Министерството известува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.