Единаесет мигранти пронајдени во возило

Од:

Доцна синоќа на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, полициски службеници забележале сомнително патничко возило марка „Рено“ со скопски регистарски ознаки, кое кога се обиделе да го запрат, возилото не застанало, соопштија од полицијата.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возилото во Свети Николе, а во него како што соопштија од МВР имало 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш.

Од полицијата посочија дека возачот 26-годишниот М.Р. од село Банско, струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.

Исто така, велат од МВР уапсен е и 40-годишниот Т.И., исто така од село Банско, кој со патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки возел пред возилото на М.Р.

Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци