Единаесет лица повредени во 16 сообраќајки во Скопје

Од:

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајќи од кои шест со последица материјална штета, осум со телесна повреда и две со тешки телесни повреди.

Со полесни повреди се здобиле петмина возачи, еден сопатник и тројца велосипедисти.

Од тешките сообраќајни несреќи едната се случила во 10 часот на улицата „Скупи“ меѓу „опел астра“ и мотоцикл при што со тешки повреди се здобил мотоциклистот.

Втората незгода се случила во 16 часот на улицата „Лука Ѓеров“ во која бил повреден пешак од „опел“.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европски извештај.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се и 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 18 возачи кои возеле со неважечка или без возачка дозвола и четворица пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин. На истите покрај поканата за глоба, дадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 60 возила.

За денеска, според полицијата, не се најавени вонредни настани.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка