Един Јакуповиќ: Аирлија Слобода

Од:

„Никогаш да не се заборави, за да не се повтори.

Во борба против режимот предводен од фамилијата во ниту еден момент не се поколебав, размислував за последиците со кои можам да се соочам, за жал на многу мои соборци не им издржа срцето во заедничката борба против диктатурата, слава им!

Им благодарам на малкуте искрени другари и другарки кои низ сите овие години беа рамо до рамо во истата битка против овој гнасен режим!

Денес мојата татковина е ослободена! Но борбата за демократија, правна држава, почитувањето на правата и слободите на граѓанинот продолжува! Имам обврска за овие принципи и начела да се борам додека живеам!

Беше тешка, мачна оваа голгота низ која го поминував/ме секој ден во борба против режимот, изгубив/ме многу од своето здравје, време и живот.

Горд сум, успеавме.

Но има и такви кои ме понижуваа, ми се исмеваа, се насладуваа додека сите ние патевме и се боревме за зедничко подобро утре! Доаѓам од фелата на уметноста и културата (театарот и филмот) од онаму каде режимот ја имаше најголемата поддршка.

Тие, Истите денес се прокламираат како борци за демократија, тие! Кои директно или индиректно беа ударната палка на режимот! Тие, Кои се заслужни за прерано згаснатите животи на моите соборци! Тие знаат кои се! Тие така преживуваат, но ќе имаат обврска да живеат со товарот дека биле соработници на режимот!

Им простувам, но никогаш нема да им заборавам…“, вели во дописот, Един Јакуповиќ.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо од Един Јакуповиќ до Ердоган Сарач

Наум Локоски

Јакуповиќ: НЕ во мое име режимски кукавици!

Ана Ололовска

Јакуповиќ: Иванов да ја смени кукавичката одлуката за мандатот

Ана Ололовска

Јакуповиќ: Платениците на режимот повторно кукавички удрија по македонската демократија!

Ана Ололовска

Јакуповиќ: Ердоган Сарач ја продаде душата на режимот!

Емир Латифовиќ

Един Јакуповиќ до Владата и јавноста: Турците во Македонија заслужуваат еднакви права со останатите граѓани

Емир Латифовиќ