Еден загинат во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Од:

Во СВР Охрид рано утринава околу 02:30 пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, случена е сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале автомобил „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управуван од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун.

-Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид, велат од СВР Охрид.

Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски