Еден загинат во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Од:

Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случи на магистралниот пат Кичево – Гостивар во близина на селата Колибри и Длапкин Дол.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила вчера во 14:25 часот, а од здобиените повреди во Општата болница во Гостивар починал Шеза Ј.(76) од селото Колибари.

Сообраќајната незгода се случила кога Шеза Ј. управувајќи патничко возило „мерцедес“ сакал од локалниот пат од селото Колибари да се вклучи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, а од левата страна на неговото возило, удрил патнички автомобил „ауди“ кој се движел кон Кичево. Возилото го управувал К.А. (22), а сопатници биле Н.А. (45) и А.А.(43), сите од кичевското село Премка. Тројцата биле пренесени во Општата болница во Кичево каде им биле констатирани лесни телесни повреди.

На местото на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Кичево.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција и дополнително вештачење врз возилата.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип