Еден загинат во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш-Штип

Од:

Едно лице загинало во сообраќајка што се случила вчера на магистралниот пат Радовиш-Штип меѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, вчера во 15.35 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(52) од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(57) од Скопје. Од здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден