Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Од:

Едно лице загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“.

Од СВР Куманово информираат дека возило „фолксваген голф“ управувано од С.Т.(25) од село Нерав, кривопаланечко, удри во куче скитник по што премина во спротивна сообраќајна лента и директно се судри со возило „БМВ“ управувано од Ф.Ј.(27) од село Длабочица.

– Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од возилото „БМВ“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегна на повредите. Лекар констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од СВР Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски