Еден загинат, неколкумина повредени во сообраќајка близу Битола

Од:

МВР извести дека вчера во 18.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Маково се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „сеат” управувано од С.Н.(41) од село Долно Агларци, општина Новаци, возило „БМВ” управувано од Ј.В.(29) од Ресен, возило „рено” управувано од Ј.О.(48) од Битола и товарно возило „даф” со полуприколка управувано од В.К.(38) од Република Албанија.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот С.Н.(41), а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници во возилото „сеат“ и Д.В.(64) од Ресен, сопатничка во возилото „БМВ“, додека со телесни повреди се здобиле возачите Ј.О., Ј.В. и М.С.Н.(36) од село Долно Агларци, сопатничка во возилото „сеат“, констатирани во клиничката болница во Битола.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа