Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Струмица-граничен премин Ново Село меѓу товарно и патничко возило.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 5:30 часот помеѓу товарно моторно возило марка „мерцедес“ управувано од Р.И. и патничко возило „ауди А4“ управувано од Александар П.(26) од с. Моноспитово, двете со струмички регистарски ознаки.

Од незгодата на лице место починал возачот на „мерцедесот“, додека сопатникот М.К. поради здобиените повреди е пренесен во Медицински центар Струмица.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата