Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Демир Хисар

Од:

Во СВР Битола вчера било пријавено дека во 20.15 часот на улицата „Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл управуван од 15 – годишник од село Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј.(19) од село Вардино, демирхисарско, сопатник на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несеќата извршиле увидна екипа на СВР Битола и јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он