Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Падалишта Гостиварско

Од:

Едно лице го загуби животот, а две се повредени откако автомобил излетал од коловозот на локален пат во близина на селото Падалишта, гостиварско.

Според првичните сознанија на полицијата, случајот бил пријавен околу 13 часот од службата за брза помош, каде биле донесени три лица. Тие со повреди биле извлечени од автомобил „фиат панда“ кој откако изгубил контрола излетал и се превртел неколку пати.

Набрзо по несреќата животот го загубил 21-годишен жител на Падалишта, другите двајца на возараст од 25 и 23 години се задобиле со тешки повреди. Во моментов увидна екипа и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден