Еден загинат и четворица повредени во директен судир на автомобили кај Страцин

Од:

Едно лице загина, а четири други се повредени во денешната сообраќајна незгода што се случи кај селото Страцин во Општина Кратово.

Според информациите од портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Куманово, Живкица Чавдаревиќ, несреќата се случила попладнево, околу 15:50 часот кај селото Страцин, клучката кај местото „Чатал”, спој на регионалниот пат од Општина Кратово со магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка.

Чавдаревиќ посочи дека во незгодата дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила, голф со регистарски ознаки од Општина Македонска Каменица и патничко моторно возило марка БМВ, со тетовски регистарски таблички.

– За жал, сообраќајната незгода заврши фатално за еден од патниците во возилата кои учествувале во незгодата, а четири лица се здобиле со телесни повреди и пружена им е потребната медицинска помош. МВР работи на утврдување на причините за несреќата, подетални информации ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден, рече Чавдаревиќ.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски