Еден загинат, еден повреден во сообраќајка кај Куманово

Од:

Педесет и едногодишниот Сулејман М.од Ростуша го загубил животот, а неговиот сопатник С.А. (44) се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случила синоќа околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во атарот на селото Ветуница, општина Ранковце.

Како што информира СВР Куманово, возачот Сулејман М.,  движејќи се кон Куманово со возило марка „опел вектра“ со гостиварски регистарски таблички, изгубил контрола над автомобилот и излетал од коловозот и се превртел неколку пати.

На местото на сообраќајната несреќа, починал 51 годишниот Сулејман, додека неговиот сопатник С.А., исто така од Ростуше се здобил со тешки телесни повреди, по што бил префрлен во Здравствениот дом во Крива Паланка, од каде по укажаната помош поради сериозноста на повредите е пренеден во Ургентен центар во Скопје.

По наредба на Истражен судија од Основен суд Куманово, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он