Еден загинат и еден повреден во вооружен инцидент во Мала Речица

Од:

Едно лице е убиено, а друго е повредено во вооружен инцидент, што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица.

Инцидентот се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.

Повредениот се наоѓа во Клиничката болница Тетово, каде е пренесно и телото на убиениот.

Според информации од МВР инцидентот се случил околу 18:20 часот во Мала Речица, а полицијата уапсила две лица по пукањето.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, соопшти дека веднаш по пријавувањето на настанот, полициска екипа излегла на местото на настанот каде што се преземаат активности за расветлување на случајот, во насока на тоа кој се бил инволвиран како и поводот и мотивите за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Мала Речица: 55-годишен маж го истепа помалиот брат

Угостителски објект во Мала Речица работел по 23 часот, сопственикот лишен од слобода

А1он

Алијанса за Албанците: Основците седум години чекаат училиште во Мала Речица

А1он

Маж од Гостивар натепан поради долг од жител на Мала Речица

А1он

Триесетдневен притвор за мажот што ја застрела сопругата во Мала Речица

Наум Локоски

Четворица кумановци добија четири месеци затвор за тепачката кај седиштето на ДУИ во Мала Речица

Ана Ололовска