Едно лице е убиено, а друго е повредено во вооружен инцидент, што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица.
Инцидентот се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.
Повредениот се наоѓа во Клиничката болница Тетово, каде е пренесно и телото на убиениот.
Според информации од МВР инцидентот се случил околу 18:20 часот во Мала Речица, а полицијата уапсила две лица по пукањето.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, соопшти дека веднаш по пријавувањето на настанот, полициска екипа излегла на местото на настанот каде што се преземаат активности за расветлување на случајот, во насока на тоа кој се бил инволвиран како и поводот и мотивите за инцидентот.