22 повредени во сообраќајки во Скопје за време на викендот

Од:

22 повредени, од кои едно потешко, е билансот од вкупно 25-те сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Скопје за време на викендот. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета.

Според извештајот на СВР Скопје, за време на викендот 116 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, а од сообраќај се исклучени 35 возачи кои управувале автомобил пред да се стекнат со возачка дозвола, осум возачи кои возеле под дејство на алкохол и четворица возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 25 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Сообраќајната полиција издала казни за 145 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 141 возило.

На крстосница на црвено светло поминале 11 возачи, двајца не им дале предност на минување на пешаци, а петорица неправилно се престроиле.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози