Еден загинат, 11 мигранти во болница во Кавадарци по сообраќајката на автопатот Демир Капија-Неготино

Од:

Едно лице загина, едно е вратено во камп, а 11 мигранти се префрлени во болницата во Кавадарци по сообраќајката на автопатот Демир Капија-Неготино, потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.

Итната медицинска помош при Здравствениот дом интервенирала со три возила во сообраќајката во која возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП“ удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.

Едното лице било полесно повредено и предадено на полиција да го врати во кампот.

Болничкиот персонал е ангажиран околу повредените, а неофицијално, од извори во болницата, тројца од повредените најверојатно ќе бидат однесени на Скопските клиники.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски