Еден велосипедист тешко повреден, други шест полесно во 19 сообраќајки во Скопје

Од:

Еден велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а други шест лица се полесно повредени во 19 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината.

СВР Скопје информира дека од сообраќај се склучени 62 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, петорица биле под дејство на алкохол, 11 немале возачка дозвола, а тројца биле возачи почетници.

За непрописно паркирање вчера се издадени 50 казни, додека пајакот подигнал 70 возила.

Полицијата регистрирала и 11 случаи на не користење кацига од страна на возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, а девет возачи на автомобил користече мобилен телефон за време на управувањето.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва