Еден судија од петчлениот совет на апелација се спротивставил на потврдените затворски казни за обвинетите во случајот на Велија Рамковски, „Пајажина“.
Неможејќи да го увери колегите дека нема докази во предметот за толку високи казни тој напишал издвоено мислење, кое е дел од пресудата, со кое нагласува дека поупатно би било кога казните би се укинале или намалиле, но не да се потврдат.
Сепак издвоеното мислење ќе остане само како нотирано, а за обвинетите ќе важи потврдената пресуда која денеска апелација официјално ја достави до Кривичниот суд. Според пресудата Велија Рамковски е казнет со 13 години, син му Хеди со седум, ќерката Емел и братот Амди со шест, екс- директорот на А1, Дарко Перушевски со пет ипол години, а директорката Анета Кочишки со две години и три месеци.
Казни затвор има и за другите раководители за фирмите на семејството Рамковски. Со денешната пресуда на апелација се потрвдува дека групата предводена од Рамковски затајувала данок и перела пари на штета на државниот буџет. Во меѓувреме имотот на Рамковски беше запленет и продаден, а беше отворен и стечај за А1 телевизија.
Со одлуката на апелација казната станува правосилна- тие што се во притвор ќе останат зад решетки, другите пак ќе мора да се пријават на издржување на казните. Адвокатите ќе го искористат правото да го отворат предметот и пред Врховниот суд.
A1on