Еден ранет во пукотница во кафеана во центарот на Охрид

Од:

Едно лице е потешко повредено во пукотница што синоќа некаде пред полноќ се случи во угостителски објект напроти централната пошта во Охрид.

Портпаролот на СВР Стефан Димоски ја потврди информацијата, со појаснување дека инцидентот се случил во 23:45 часот и дека во него учествувале две лица. Притоа дошло до меѓусебна расправија по што едното лице извадило пиштол и со неколку истрели му нанело тешки повреди на другиот во пределот на нозете.

Повредениот после инцидентот бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ каде е хоспитализиран, додека другиот учесник во расправијата побегнал, но по кусо време бил пронајден од полицијата и приведен.

Повеќе информации СВР Охрид ќе соопшти во текот на денешниот ден. 

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи