Едно лице е приведено, едно е во бегство по синоќешното двојно убиство во Охрид

Од:

Едно лице е приведено, а друго е во бегство во врска  со синоќешното двократно убиство во Охрид, соопшти охридската полиција.

Според соопштението од СВР – Охрид, синоќа околу 23 часот на летната тераса од угостителскиот објект „Император“, лоциран на улицата „15-ти Корпус“, триесетгодишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол што нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот.

Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38), двајцата од Охрид, со возило на брза помош се пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт.

Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38) двајцата од Охрид, со возило на прва помош се пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт.  СВР Охрид синоќа од слобода го лиши Р.С. (30) од Охрид кој заедно со можниот сторител бил во угостителскиот објект „Император“ – соопштија од СВР – Охрид.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител.

СВР – Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето што е во бегство и за кое постојат основи на сомнение дека е извршителот на двократното убиство. 

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип