Еден пратеник од владејачкото мнозинство е против уставни измени: Не се почитува правична застапенот на заедниците

Од:

Енес Ибрахим, пратеник од Партијата за движење на Турците и коалициски партнер на СДСМ објави дека втората уставна измена што ја предложи власта во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците, е неуставна.

„Предлог измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците, е неуставна.

Впрочем со новиот предлог бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци, а по еден член ќе имаат сите други заедници.

Со овој предлог не се почитува правичната и соодвената застапеност која е загарантирано со Уставот“, се вели во фејсбук статусот на Енес Ибрахим.

Во предлог-иницијативата за уставни измени што ја усвои Владата се предлага бугарскиот и уште пет други народи да се додадат во Преамбулата од Уставот.

Но, предвидена е уште една уставна измена во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците со која се предвидува да се измени бројот на членовите, и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена, при што 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Ахмети ја објави декларацијата потпишана со коалицијата „Вреди“за уставни измени

Предраг Петровиќ

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ