Еден повреден во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар

Од:

Во судир на две возила, на регионален патен правец Мавови – Анови Дебар потешко повредено е едно лице.

Сообраќајната несреќа била пријавена околу утрово 7:45 часот. Според првичните информации на МИА, во близина на крстосницата за месноста Стрезимир се судриле „опел корса„ со гостиварски ознаки што го управувал Б. Ј. од Гостивар и возило „фолксваген кеди“ управувано од А. Л. (29) од долнореканското село Присојница.

Во сообраќајката со повреди се задобил Б.Ј. кој е пренесен во гостиварската општа болница.

Во тек е увид на местото на настанот што врши екипа на одделението за внатрешни работи Гостивар, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски