Еден полесно поведен во сообраќајката на патот Делчево – Пехчево

Од:

Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа што вчера се случи во близина на село Црник, потврдија за МИА од пехчевската брза помош која интервенирала на местото на несреќата. Сообраќајот на патот Делчево – Пехчево, пак, кој беше во прекин поради сообраќајката, набрзо беше нормализиран.

Сообраќајната несреќа, како што информираа возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистерски таблички и две со македонски регистерски таблички. Возачите очевидци како причина за сообраќајката го наведуваат можното одбегнување на одрон по што дошло до судир на возилата.

Полицијата изврши увид на местото на настанот, а повеќе информации за причините за сообраќајната несреќа се очекуваат во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он