Еден починат, потврдени 28 нови случаи на Ковид 19 во земјата

Од:

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51-годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина, соопштуваат од МЗ.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 1259, а последната дистрибуција по градови е:

 Скопје – 422
 Куманово – 342
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –126
 Тетово – 62
 Струга – 55
 Велес – 62
 Битола –17
 Охрид –15
 Кавадарци – 4
 Гостивар –13
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-4
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 28
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -2
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 1
 Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141 и Систина со PCR метода -31. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19, информира Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски