Еден починат, осум нови случаи со Ковид-19, оздравен 21 пациент

Од:

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент и тоа во Скопје – 8, Куманово – 6, Штип – 1, Прилеп – 2, Тетово – 1, Велес – 1, Кочани – 1 и Македонски Брод – 1. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години, која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се осум нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје – 3, Битола – 1 и Велес – 4.

Согласно ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 515, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп –159, Тетово – 90, Струга – 67, Велес – 81, Битола – 19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево- 2, Делчево – 1, Валандово – 1, Виница – 2 и Кратово -1.

Направени се 185 теста и тоа преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен факултет – 3 , Авицена – 9, Биотек -33, Клиника „Жан Митрев“ –27, Систина со PCR-метода – 17 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а вкупно се хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 14. На респираторна машина се тројца пациенти, а уште четири се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на Ковид-19, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски