Еден починат и четворица повредени во сообраќајна несреќа во скопско

Од:

Починат 60-годишник и четворица повредени е биланост од сообраќајната несреќа што вчера се случи на регионалниот пат во атарот на селото Ќојлија информира МВР. Возачот на едно од возилата кој при сударот се здобил со тешки повреди бил пренесен во болница каде што починал.

– На 20.04.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат во атар на с.Ќојлија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од с.Ќојлија, и патничко моторно возило “даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од с.Долно Коњари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар.

Со тешки повреди повреди е и возачот на вторто возил и неговиот сопатник., пренесени се во Градската болница „Св.Наум Охридски“. Повредени се и луѓето кои биле во матизот чиј возач го загуби животот. Тие се сместени на Комплексот клиники „Мајка Тереза„.

Јавен обвинител извршил убид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар