Еден починат, 87 нови случаи на Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.

На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника, велат од МЗ.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга.

Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1373, активни 760
• Куманово 568, активни 150
• Дебар 53, активни 2
• Штип 223, активни 185
• Прилеп 218, активни 25
• Тетово 301, активни 135
• Струга 106, активни 33
• Велес 144, активни 30
• Битола 30, активни 3
• Охрид 37, активни 20
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 51, активни 29
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 987 теста се преку: ИЈЗ –381 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –72, Биотек – 163, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода –137 и МАНУ -103. Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација, соопштува Министерството за здравство.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска