Еден од крадците на мајмунчето фатен при разбојништво

Од:

Еден од осомничените  за кражбата на мајмунчето од Зоолошката градина во Скопје, фатен е при разбојништво во Кавадарци, потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Полицајци од кавадаречката полиција на 12 септември околу 20:00 часот го лишиле од слобода 31-годишниот жител на Кавадарци поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојничка кражба“ .

​- Осомничениот С.Н. (31) , половина час пред неговото лишување од слобода, влегол во куќа лоцирана на улица „Шишка“ во населба Глишиќ-Кавадарци и во моментот кога одзел кутија со мобилен телефон, бил затекнат на лице место од сопственикот на куќата. Со цел да го задржи одземениот предмет, осомничениот извадил огнено оружје-пиштол и при излегување од куќата испукал еден куршум во воздух, по што побегнал, рече Стојковска.
По наредба на судија во претходна постапка извршен бил претрес во неговиот дом во Кавадарци, при што биле пронајдени повеќе предмети кои потекнувале од претходно извршени кривични дела.
– Осомничениот со кривичната пријава за сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ е изведен пред надлежен суд и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, рече Стојковска.
​Се работи на документирање и на други кривични дела од областа на имотните деликти за кои сега споменатото лице е осомничено, за што ќе следат дополнителни поднесоци.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари