Еден мртов по тепачка во Богомила, приведен 20-годишник

Од:

Велешката полиција уапсила 20-годишник од селото Богомила бидејќи бил дела од физичка пресметка по кој 62-годишен жител на истото село бил пронајден мртов.

– На 22.01.2023 околу 20.30 часот во село Богомила настанала физичка пресметка помеѓу него и Р.С.(62) од село Богомила, по што го напуштил местото, а за кратко време Р.С. бил пронајден починат информира Министерството за внатрешни работи.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршил Јавен обвинител од ОЈО Велес и екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. И.Г. бил задржан во полициска станица.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва