Еден мртов, двајца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид–Кичево

Од:

Во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Оровник, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „цитроен“ управуван од В.Б.(83) од Охрид и возило „ауди“ управувано од А.М.(36) од с.Синичане, општина Боговиње.

На местото на настанот починал возачот В.Б, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и неговиот сопатник Б.Б.(24) од Куманово, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски