Еден милион денари – донација од АВМУ за заштитна опрема за полициските службеници

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера потпиша договор за донација во висина од еден милион денари со првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски. Со договорот Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на министерството за превенција, спречување и ширење на корона вирусот.

Oвој чин на донација од еден милион денари што министерството ја добива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во насока на натамошно обезбедување разни заштитни средства за потребите на полициските и други службеници на министерството е еден одличен пример за меѓусебна поддршка и помагање во реализирањето на заедничките цели за заштита на нашите граѓани и на нашето општество, велат од МВР преку писмено соопштение.

За Министерството за внатрешни работи е значаен овој потег на Агенцијата, не толку заради фактот што добиваме одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата, соопштуваат од МВР.

Министерот Наќе Чулев во свое и во име на министерството за внатрешни работи уште еднаш изразува благодарност до пријателите од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за несебичната и значајна помош која што се разбира е повеќе од добредојдена.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба