Паркинзи на Општина Центар соопштуваат дека веќе цел месец е активнен нивнот Центар за бездомници и ги повикуваат хуманите граѓани да помогнат со донации.
„Денес се навршува еден месец како е отворен Центарот за бездомници во просториите на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Центарот беше отворен во периодот кога температурите се спуштија до -20, температури немилосрдни за оние кои немаат покрив над главата. Во соработка со Општина Центар донесовме одлука на 10.01.2017 две канцеларии кои се во склоп на ЈП ПОЦ да се наменат токму за нив – за бездомните лица.
Откако објавивме дека е отворен Центарот, многу хумани луѓе, претпријатија, фирми, ресторани, пекари, хотели се уклучија да помогнат. Беа донирани, душеци, ќебиња, перници, облека, обувки, храна, пијалоци. Најголема благодарност до Silbo Furna, Hotel City Park, Avenue Coffee & Food, Everyday, Shef, Tinex и Stop & Gо за нивната помош нашите преноќувалци да имаат три оброци на ден. Ги повикуваме и останатите фурни, ресторани, сендвичари, доколку се во можност и доколку имаат храна за донација да не’ исконтактираат бидејќи секоја помош за овие луѓе е добредојдена.
Освен што им овозможивме на сите граѓани кои немаат свои домови да ја поминуваат ноќта на топло и безбедно место, се погриживме и за уличните животни кои, исто така, се жртви на екстремно ниските температури. За таа цел, беа изработени околу 25 куќарки за животни, кои им беа поделени на граѓаните, како и материјали за составување на куќарки кои беа дадени на здружението за заштита на животни “Анима Мунди“.
Апелираме до сите граѓани кои се во можност да ни се приклучат и да помогнат со тоа што ќе ја споделат веста или ќе донираат душеци, ќебиња, простирки, сунгери, јоргани, дебела облека, инстант супи, чаеви, флаширани пијалоци и слично. Сите видови на донации можат да се донесат во ЈП ПОЦ на бул. Гоце Делчев 14, Скопје (меѓу МРТВ и Кривичниот Суд) секој работен ден од 08:00-19:00 часот.
Организација за донирање 078535862 и 070340413“ стои во соопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар.