Еден ден ќе не прашаат децата што сторивте за Македонија – Предизборен митинг на Силјановска Давкова во Кавадарци, Соопштение за медиуми за митингот

Од:

Малку народи можат да се пофалат дека се дел од светите книги, а Македонците и Македонија се дел од Библијата. Македонија е нашата судбина, порача вечерва на предизборниот митинг во Кавадарци кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Според Силјановска доаѓа критичен момент кога граѓаните ќе треба да си одговорат дали се горди на актуелните владетели, претседателот, премиерот, спикерот. Според неа Македонците се доведени до ѕидот на срамот.

,,Последен момент е да сториме нешто за да си ја вратиме гордоста а имаме многу работи од Илинден и АСНОМ до сега кои можат да не прават горди”, порача Силјановска Давкова од Кавадарци.

Таа вели дека претседателот Пендаровски не дал извештај за тоа што го сработил што за неа е разбирливо затоа што за да има извештај треба да има и многу сработено.

Силјановска во контекст на црната кампања на власта и обвинувањата кои за неа се смешни потсети на аферата ,,Фабрика” кога група новинари блиски на СДСМ беа ангажирани да прават лажна слика во јавноста. Сега, според Силјановска, власта го повторува истото со објава на материјали во кои тие што водат црна кампања не можат да го погодат ниту датумот на лажните документи.

Силјановска смета дека Пендаровски треба да замине не заради тоа што таа сака да биде шеф на државата туку затоа што тој не се однесувал соодветно.

,,Треба да заминат не затоа што јас сакам да бидам претседателка туку затоа што нашиот претседател не го брани националниот интерес, не ги претставува државните интереси на Македонија, не се спротивставува кога греши владата туку е послушен и не размислува со своја глава. Претседателот треба да биде умен, да го сака својот народ”, порачува Силјановска.
Според неа претседателите мора да персонифицираат единство, а ние никогаш не сме биле поразединети. Претседателите не смеат да кажуваат пред странски лидери тоа што моќните сакаат да чујат туку тоа што е став на народот.

,,Секогаш ми биле идоли Делчев и Прличев затоа што преземале одговорност во тешки моменти”, порачува Силјановска и вели дека сите имаме обврска да и помогнеме на Македонија повторно да биде горда.

Еден ден ќе не прашаат децата каде бевте, што сторивте, како дозволивте една толку горда земја да се срами да каже дека нејзиниот народ е меѓу најсиромашните, најуплашените, вели Силјановска Давкова која порачува дека политичарите за гордоста можат да учат од граѓаните а граѓаните не треба да веруваат на зборови туку само на дела.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Соломонско решение е она со одложено дејство

А1он

Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

А1он

Сиљановска се сретна со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

А1он

Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Правниот факултет беше и остана храм на правото и правдата

А1он