А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДЗС со препораки за заштита од пожари

by А1он14/07/2017 - 12:19249
Share0

Дирекцијата за заштита и спасување, согласно Законот за заштита и спасување и Законот за шумите, презема мерки и активности за превентивно делување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во летниот период.

Добивај вести на вибер

Како неопходни мерки за намалување на опасноста од наста­ну­ва­ње на шумски пожари и други пожари на отворен простор, Дирекцијата за заштита и спасување посочува неколку предупредувања до граѓаните. Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал, доколку се забележи пожар веднаш да се извести територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193, се само дел од предупредувањата.

– Граѓаните да не палат оган на отворен простор и во шума, да не палат стрништа и меѓи, да не фрлаат стаклени шишиња и стаклен отпад, бидејќи знаеме дека долниот дел на шишињата и другите површини од стакла може да дејствуваат како леќи и да предизвикаат пожар, да не фрлаат непотребен отпад, да не фрлаат цигари и догорчиња. Би препорачал правните субјекти, исто така и граѓаните редовно да вршат косење на тревата, на ниската вегетација што е во нивна сопственост, изјави Слаѓан Антевски, советник во Дирекцијата за заштита и спасување Куманово.

Заштитата од шумски пожари е мултидисциплинарна и мултинституционална тема во која се вклучени повеќе институции. Заштитата од пожари на отворен простор опфаќа и повеќе мерки, од организациски, оперативен, пропаганден, воспитен и друг карактер. Советникот Антевски посочува кога станува збор за превентивните мерки, особено мерките од пропаганден и од воспитен карактер, свој придонес би требало да дадат и образовните институции, медиумите и противпожарниот сојуз на Македонија, доброволните противпожарни друштва преку разни форми на предавања, обуки и пропаганди.

Казнените одредби се различни, бидејќи се регулирани во неколку прописи и освен високи парични казни, предвидени се и казни затвор за одредени дела. Од Дирекцијата за заштита и спасување, потенцираат дека надлежните институции функционираат одлично, нагласувајќи дека подружниците на јавното претпријатие Македонски шуми согласно Законот за шуми секоја година донесуваат годишни оперативни планови за заштита на шумите од пожари во кои се предвидени силите, средствата и начинот на делување на самото претпријатие.

dzspozar

Би можело да ве интересира

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Горан Наумовски12/02/2026 - 11:41

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Горан Наумовски04/02/2026 - 22:23

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:22

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он24/01/2026 - 08:52

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он08/01/2026 - 16:4508/01/2026 - 17:56

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен