ДЗС: Се расчистуваат блокираните патишта од невремето во Тетовско

Од:

Како последица од обилните врнежи во Тетовскиот регион по повлекувањето на водата останаа наноси од кал и делови откорнати дрва на локалните патни правци. Моментно, информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување, се работи на расчистување на сообраќајниците за да се обезбеди непречено движење.

Патниот правец кон село Шипковица е пробиен и во тек се активности за негово проширување.

Механизација ангажирана од Дирекцијата работи на расчистување на локалниот патен правец помеѓу селата Селце и Вејце, Тетово – Јажинце, се работи на пробивање на магистралниот пат меѓу Порој, Џепчиште и Доброште, а се чисти и коритото на Поројска река. Во Тетово, во долниот крај на Диво Насеље, се расчистуваат подвозниците, ангажирана е една машина од ДЗС и механизација од ЈП Водовод и Канализација Скопје.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување вкупно се ангажирани 15 багери и 29 камиони, а ќе бидат испорачани и 1.000 вреќи за песок.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски