А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДЗС од Крива Паланка со предупредување за превенција од пожари

by А1он04/05/2018 - 11:45159
Share0

Поради преземање неодпходни мерки за намалување на опасноста од настанување шумски и други пожари на отворен простор, од Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување, Крива Паланка посочија неколку мерки за претпазливост, со предупредување.

Добивај вести на вибер

Од ПЕ на ДЗС посочуваат да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат догорчиња од цигари на отворено.

-Овие предупредувања се изрекуваат сoгласно Законот за заштита и спасување и согласно Законот за шуми, со цел превземање мерки и активности за превентивно делување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во наредниoт период. Целта е да се заштити општото добро, шумскиoт фонд, но и луѓето и нивните имоти, истакна Зоки Павловски, раководител на ПЕ на ДЗС, Крива Паланка.

Апелира до граѓаните доколку забележат пожар на отворен простор, согласно нивната граѓанска должност да го пријават најбрзо што можат до надлежните институции.

-Од брзината на дојавата, содржината, прецизноста на информациите и нивната точност зависи и исходот, односно, услехот на акцијата за гасење на пожарот, поради што повикуваме сите граѓани кои ќе забележат пожар, истиoт прво да го пријават на бесплатниот број 193 во Територијална противпожарна единица, Крива Паланка, на 195, во Центар за управување со кризи, во нашето подрачно одделение или во Полициска станица, додава Павловски.

Граѓанската одговорност подразбира и активно вклучување во помош во гасење на пожарите.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:2326/02/2026 - 15:08

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он21/02/2026 - 17:06

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен